Од денеска до среда ќе се одиграат четири заостанати натпревари од 18.коло во Втората кошаркарска лига.

Овие дуели, како и комплетно 19.коло, беа одложени поради трагедијата во Кочани, па сега забрзано ќе треба да се играат.

Во Кисела Вода вечерва тимот на Водно Санс го пречека фаворитот Маџари. Победничката низа од пет натпревари „сонцата“ ја прекинаа во претходната рунда кога беа совладани на гостувањето во Охрид.

Маџари пак кој е еден од фаворитите за првото место, вечерва атакува на седмата победа во вториот дел од сезоната. Триумф, Маџари ќе го врати на првото место на табелата, каде сега е составот на Соколи од Штип кој во рамките од ова коло славеше над Струмица. Екипата на Водно Санс пак се бори за влез во плејофот.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 18.КОЛО

Понеделник / 24 март
19.30 ВОДНО САНС – МАЏАРИ
Вторник / 25 март
15.00 ЦРН ДРИМ – МЕГА БАСКЕТ
Среда / 26 март
12.00 РАБОТНИЧКИ 2018 – ОХРИД
16.00 МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – АНГЕЛИ
Претходно одиграни
СОКОЛИ – СТРУМИЦА ФМП 80-53
БУТЕЛ – БОРЕЦ БАСКЕТ 73-56

ТАБЕЛА:  Соколи 32 бодови (+1 натпревар повеќе), Ангели 31, Маџари 31, Бутел 27 (+1), Црн Дрим 27, Борец баскет 27 (+1), МЗТ Скопје У.Б. 26,  Охрид 23, Водно Санс 23, Мега баскет 23, Струмица ФМП 22, (+1) Работнички 2018 19.