Младата женска фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години денеска ќе го игра вториот натпревар во квалификациите за Европско првенство.
Турнирот во Скопје е во рамките на групата 6 од втората рунда на „Б“ лигата. Македонија денеска за противник ќе ја има Словенија.
По убедливата победа во првиот меч против Молдавија со 5-0, на младите македонски фудбалерики, денеска доволно им е реми против Словенките.
Ова откако во вториот дуел од групата Словенија ја победи Молдавија минимално со 2-1.
Натпреварот Македонија – Словенија што ќе се играат на тренинг центарот „Петар Милошевски“ крај ФФМ, ќе почне од 11 часот.