Тимот на Лос Анџелес Лејкерс ја оправда улогата на фаворити со убедлив триумф над Њу Орлеанс 136:115.
Ова во што можеа да уживаат навивачите на Лејкерси е играта што ја демострираше тимот, а наликуваше на „шоу-тајмот“ од 80-тите, во времето на Меџик и Џабар.
Нивната улога сега ја презедоа Лука Дончиќ и Леброн Џејмс.
Словенецот Дончиќ постигна 30 поени и 15 асистенции, а му недостасуваа само два скока од трипл-дабл.
40-годишниот ветеран, Џејмс постигна 34 поени, надополнети со осум скока, шест асистенции. Со тоа Леброн стигна до бројката од 50.000 поени кариерата, нешто што не му успеало на ниту еден друг играч во НБА лигата.