Со спринт трката на патеката Бурирам, во Тајланд официјално стартуваше новата сезона во Мото ГП шампионатот.

Шесткратниот шампион Марк Маркез да впиша првата победа. Возачот на Дукати практично немаше конкуренција во спринтот, водеше од првиот до последниот круг супериорно стигна до првото место. Шпанецот во ниту еден момент не беше загрозен од конкурентите, па со совршено возење им покажал на ривали што може да направи.

Неговиот брат Алекс инаку возач на Греслинг заврши како втор, а трет заврши актуелниот шампион Франческо Бањаја.

Првото овосезонско Гранд-при за Големата награда на Тајланд ќе стартува утре (недела) во 9 часот.