Бенфика со убедлива победа против Клуб Бриж стана првиот тим кој се пласираше во четврт-финалето во Лигата на Шампионите оваа сезона.
По претходно поништен гол поради офсајда во втората минута, домаќинот реализираше со голот на Рафа Силва во 38 минута.
Пред крајот на првото полувреме младиот Рамос го постигна вториот гол при што донесе водство од 2-0.
„Голеадата“ не заврши тука, Рамос го постигна својот втор гол на натпреварот во 57 минута со одличен волеј во левата страна на голот.
Беше тешка вечер за Симон Мињолет бидејќи во неговата мрежа беше реализиран и пенал од страна на капитенот Жоао Марио во 71 минута.
Гол постигна и Давид Нерес кој свежо влезе од клупата за резерви при што го смени резултатот 5-0 за португалскиот гигант.
Сепак Влакодимос не остана со чиста мрежа бидејќи Мајер постигна гол за гостинот во 87 минута кој го „ублажи“ резултатот на 5-1 за Бенфика.
Со оваа сигурна победа Бенфика се издвојува помеѓу најдобрите осум во Лигата на Шампионите.