машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија, ги одработува мини подготовки за претстојните натпревари со Португалија,

Македонската сениорска ракометна репрезентација ја очекува двомеч со Португалија во квалификациите за Европското првенство 2024 што ќе се одржи во Германија.

Со многу промени во составот, дел поради подмладување, дел поради повреди, селекторот Кирил Лазаров ќе треба да состави тим кој ќе ми се спротивстави на фаворизираниот противник.

Еден од оние од кои се очекува повеќе сигурно е Јагуриновски кој на последното СП првенство настапи само 15-тина минути, а поради повреда го пропушти останатиот дел од шампионатот.

Вардаровиот бек смета дека доколку сакаме поволен исход во дуелот со Португалците, пред се многу ќе мора да се подобри играта во одбраната

„Треба во одбраната да одиграме многу поквалитетно, во однос на настапите на Мундијалот. Помлади сме, со повеќе трчање и поагресивна игра треба да ги изненадиме. Сега сме подмладена екипа, без поискусните играчи, без притисок ќе одиме да изиграме најдобро што можеме и се надеваме на победа“, вели Јагуроновски.

Првиот натпревар меѓу Македонија и Португалија ќе се игра во четврток во СЦ Борис Трајковски во Скопје.