Во водениот натпревар од 23.коло на Евролигата одигран во Белград екипата на Партизан славеше над Париз со 92-86.

Натурализираниот македонски репрезентативец беше најдобриот поединец на натпреварот, но не доволно неговиот тим да слави.

Шорц натпреварот го заврши со 19 поени и скромни 3 асистенции и два скока. Тој беше еден од тројцата двоцифрени во француската екипа, додека кај Партизан петмина играчи постигнаа 10+ поени.

Црно-белите ја остварија третата победа во низа, а вкупно 12тата сезонава. Париз по двата врзани триумфи, го претрпе деветтиот пораз.

Француската екипа е на седмото место со „скор“ 13-9, а Партизан кој сега има 12-11 е единаесетти.