29-то Светско првенство во ракомет стартува со денешните четири натпревари. Ова ќе биде прв ракометен мундијал што ќе се одржува во три држави (Хрватска, Норвешка, Данска) во пет градови (Хернинг, Пореч, Вараждин, Осло – Барум, Загреб).

Многу селекции со амбиција да ја наследат Данска

Титулата светски шампион ја брани селекцијата на Данска, која е трикратен првак во низа, а воедно е и олимписки шампион. Од таа причина секако Данска се вбројува како фаворит број 1 за златниот медал. Но, секако во таква ситуација останатите селекции имаат голема желба и мотив конечно да ја „симнат“ Данска од тронот, тука пред сè се мисли на: Франција, Шведска, Германија, Шпанија, а во борбата за медали за очекување е да се вмешаат и ко-домаќините: Хрватска и Норвешка.

rakomet danska sampion
Данците ја бранат светската титула

„Триколорите“ се најуспешните на Мундијалите

Франција со шест први места е најуспешна, а по четири златни медали имаат Шведска и Романија, Данска има 3, Германија, Шпанија и Русија по 2, Хрватска, Чехословачка, Советскиот сојуз, Југославија и Западна Германија имаат по 1. Репрезентацијата на Катар е единствената неевропска која има освоено медал 2015 година кога беше домаќин.

Македонија го продолжува континуитетот

За Македонија ова ќе биде деветто учество на ракометните мундијали, а седмо во низа.
Вторпат македонската репрезентација ќе игра во Вараждин како град домаќин по првенството во 2009 година, кога наша репрезентација имаше успешни настапи.

РАКОМЕТ | МАКЕДОНИЈА НА СП 2025

Систем на натпревар

32-те репрезентации се поделени во осум групи по четири селекции. Трите првопласирани ќе продолжат во главната фаза каде ќе има четири групи со по шест селекции, а потоа најдобрите две од групите во главната фаза ќе играат во четвртфиналето (по два дуела се играат во Загреб и во Осло). По едно полуфинале ќе се игра во овие два града, додека финалето и дуелот за бронзата ќе се играат во Осло. Репрезентациите кои ќе се пласираат на четвртото место во групата од првата фаза ќе разигруваат во „Президент купот“ за пласман од 25-то до 32-ро место.

Лазаров сеуште најдобар стрелец на СП

Македонскиот селектор Кирил Лазаров на шампионатот во 2009 година беше најдобар стрелец со 92 гола и сеуште е прв на таа листа, а најдобар стрелец беше и на шампионатот во 2017 година во Франција со 50 голови.

Најдобрите македонски судии повторно дел од елитата

На шампионатот ќе судат 24 судиски двојки, а меѓу нив се и најдобрите македонски судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

РАСПОРЕД ПО ГРУПИ

А ГРУПА (ХЕРНИНГ): ГЕРМАНИЈА, ЧЕШКА, ПОЛСКА, ШВАЈЦАРИЈА
Б ГРУПА (ХЕРНИНГ): ДАНСКА, ИТАЛИЈА, АЛЖИР, ТУНИС
Ц ГРУПА (ПОРЕЧ): ФРАНЦИЈА, КАТАР, АВСТРИЈА, КУВАЈТ
Д ГРУПА (ВАРАЖДИН): МАКЕДОНИЈА, УНГАРИЈА, ХОЛАНДИЈА, ГВИНЕЈА
Е ГРУПА (ОСЛО): НОРВЕШКА, ПОРТУГАЛИЈА, БРАЗИЛ, САД
Ф ГРУПА (ОСЛО): ШПАНИЈА, ЧИЛЕ, ШВЕДСКА, ЈАПОНИЈА
Г ГРУПА (ЗАГРЕБ): СЛОВЕНИЈА, КУБА, ИСЛАНД, ЗЕЛЕНОРТСКИ ОСТРОВИ
Х ГРУПА (ЗАГРЕБ): ХРВАТСКА, АРГЕНТИНА, ЕГИПЕТ, БАХРЕИН

ДЕНЕСКА НА ПРВЕНСТВОТО 

На првиот натпреварувачки ден на шампионатот (денска 14.јануари) на програмата се вкупно четири натпревари, по два во Хернинг и Пореч.
Б група:
17.30  Италија – Тунис
20.30  Данска – Алжир
Ц група:
18.00  Франција – Катар
20.00 Австрија – Кувајт