Минатогодишните финалисти во мак-баскетот, МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер денеска ќе го завршат својот настап во АБА2 лигата.
Двата тима ќе ги одиграат натпреварите од последното 6.коло во групната фаза.
Дуелите со Цедевита и Подгорица нема да имаат никакво резултатско значење за македонските претставници. И двете екипи веќе ги загубија шансите за пласман во плејофот.
Први на теренот ќе истрчаат кошаркарите на МЗТ Скопје кои во „Јане Сандански“ ќе го пречекаат хрватскиот тим Цедевита Јуниорт. Овој натпревар ќе почне во терминот од 18 часот.
Два часа подоцна во Битола (20 часот), Пелистер ќе го почне дуелот со црногорската екипа Подгорица.