Кошаркарите на Работнички денеска ќе го одиграа својот последен натпревар во регионалната АБА2 лига.
Со петте порази на исто толку одиграни натпревари, Работнички одамна ги загуби шансите за пласман во разигрувањето. Сепак тимот од „градски парк“ има обврска пред да ја одбрани својата чест, но и угледот на мак-баскетот. Тоа црвените би го сториле само со победа, во натпреварот со најдобрата екипа во својата група Војводина.
„Нé чека тежок натпревар со Војводина. Ќе играме против одлична и искусна екипа. Иако се соочуваме со големи проблеми, се надевам дека клубот ќе го претставиме во најдобро светло”, изјави Виктор Ефремовски.
Јасно е дека екипата сега е посветена на обврските во домашното првенство, но обврската обврската и кон своите навивачи останува.
„Ќе биде тоа резултатски небитен натпревар за двата тима бидејќи ние немаме шанси за пласман натаму, а Војводина е прва во групата. Се надевам дека публиката ќе дојде во сто поголем број, бидејќи гостите од Нови Сад се квалитетна екипа и тим со голема историја и традиција. Нашиот фокус е моментално на домашното првенство, но ќе се бориме до последен атом од нашите сили на секој двобој“, вели тренерот Горан Самарџиев.
Ќе им донесат ли барем мала утеха на „Сити Парк Бојс“, играчите на Работнички ќе видиме во натпреварот што ќе се игра во СЦ „Кале“ од 18 часот.