Женската ракометна репрезентација на Македонија со пораз од Унгарија го заврши настапот на Европското првенство. Во дуелот последното 3.коло на „А“ групата ко-домаќинот на овој шампионат, Унгарија славеше со 29-19.
Недоволни беа 20-тина одлични минути за македонските ракометарки да го изненадат големиот фаворит кој со три победи го потврди првото место во групата.
Македонските ракометарки храбро и безкомпромисно влегоа во натпреварот со големиот фаворит. Тоа резултираше и со два гола предност (8-6), односно со водство на Македонија се до 22-тата минута. Тогаш Унгарките успеаја да направат низа со три гола и тие да победат (8-9). До крајот на првиот дел се играше гол за гол, па домаќинот на одмор замина со гол предност (10-11).
Лошиот старт на вториот дел имаа нашите ракометарки, направија повеќе технички грешки, а осум минути не постигнаа гол. Тоа резултираше со низа од пет гола на домаќинките, па Унгарија поведе со (16-10) во 38-мата минута. Тока веќе беше јасно Унгарките ќе се радуваат на нова победа и тоа со 10 разлика.
Капитенката Ристовска со 6 голови беше најефикасната наша ракометарка, додека Јакуловска заврши со 4, а по три гола постигнаа Џатевска и Кипријановска. Денеска беше на нашиот гол беше Драгана Петковска која оствари 9 одбрани.
Така Македонија со два порази од Шведска и Унгарија и нерешен резултат со Турција го заврши својот настап на 16-тото Европско првенство.
Настапот на шампионатот за оваа подмладена репрезентација на Македонија секако е искуство повеќе за претстојните предизвици. Следен ќе бидат квалификациите за Светското првенство.