Ракометарките на Чаир останаа единствените македонски претставник, во женска конкуренција, на европската сцена.

Чаирчанки со четирите победи си обезбедија настап во осминафиналето на ЕХФ Европскиот Куп.

Тие ќе имаат и голема предност во дуелите со чешката екипа Славија со која ќе се борат за место меѓу осумте најдобри. Имено, двата натпревари екипата на Чаир ќе ги игра на домашен терен пред својата публика.

Натпреварите ќе се играат во Скопје 18 и 19 јануари 2025 година, во салата „Автокоманда“ со почеток од 18 часот.

Ивона Кимовска