Настапот на машката кошаркарска репрезентација во квалификациите за Евробаскетот 2025-та е причината поради која викендов нема прволигашка кошарка. Затоа пак второлигашите ќе бидат активни и ќе ги играат натпреварите од седмото коло. Сите натпревари ќе се играат денеска (сабота).

Програмата, точно на пладне, ќе биде отворена со натпреварот во Струмица. Таму првопласираниот тим на Соколи гостува кај Академија ФМП екипа која досега нема победа. Се освен победа на штипскиот тим би било вистинска сензација.

Окураженни по победата над Маџари во претходното коло, младите аеродромци сега сакаат да го земат „скалпот“ и на тимот на Ангели. Екипата на Маџари пак ќе треба да се рехабилитира од претходниот пораз во дуелот со младиот состав на Партизан Водно санс.

Интересен се очекува да биде и на дуелот во Прилеп, каде Мега баскет во пречекува второ пласираниот Црн Дрим.

Оваа рунда ќе биде комплетирана со дуелот во Велес во кој Борец баскет ќе сака да оствари нова победа за да го одржи чекорот на врвот на табелата. За да го остварат тоа велешани ќе треба да бидат подобри од Бутел.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 7.КОЛО

Сабота (23 ноември)
12.00 АКАДЕМИЈА ФМП – СОКОЛИ
14.30 АНГЕЛИ – МЗТ СКОПЈЕ У.Б.
18.00 ОХРИД – РАБОТНИЧКИ 2018
19.00 МАЏАРИ – ПАРТИЗАН ВОДНО САНС
19.00 МЕГА БАСКЕТ – ЦРН ДРИМ
20.30 БОРЕЦ БАСКЕТ – БУТЕЛ

ТАБЕЛА: Соколи 11 бодови, Борец баскет 11, Црн Дрим 11, Ангели 10, Маџари 9, Мега баскет 9, Охрид 9, Бутел 9, МЗТ Скопје У.Б. 7, Работнички 2018 7, Партизан Водно Санс 7, Академија ФМП 6.