Во првиот натпревар од 7.коло од Првата лига, кошаркарите на МЗТ Скопје ја оправдаа фаворитската улога. Актуелниот шампион славеше на гостувањето кај Вардар со 110-79.
Вардарци кои на овој натпревар настапија без странски кошаркари одиграа одлична прва четвртина. Погодија црвено-црните пет тројки од десет обиди и го завршија периодот со водство 27-22. Сепак аеродромци со серијата од 9-0 во втората половина на втората четвртина негативата ја претворија во позитива. Заминаа сино-белите на одмор со 49-40.
Второто полувреме беше „едно смерно“. МЗТ Скопје од минута во минута ја зголемуваше предноста за на крајот да слави со +31.
Андреј Андоновски со 19 поени (5 скокови) беше прв стрелец во редовите на МЗТ за кој капитенот Дамјан Стојановски реализира 16. Двоцифрени беа и Слај 16 поени (7 асистенции), односно Едвин и Баковиќ кои постигнаа по 10 поени. Најефикасен кај Вардар и на натпреварот беше Бајрам со 20 поени.
За МЗТ Скопје ова беше петата победа со која барем за кратко изби на првото место на табелата, со 12 бодови колку што има не поразениот ТФТ. Вардар е на дното на табелата без ниту една победа.
Останатите пет натпревари од ова коло ќе се играат претстојниот викенд.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 7.КОЛО
Четврток
ВАРДАР – МЗТ СКОПЈЕ А. 79-110
Сабота
18.00 ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ
18.00 МКК КУМАНОВО – ФЕНИКС
Недела
17.00 ГОСТИВАР – КОЖУВ
18.00 ТФТ – ЧАИР
18.30 ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 12 бодови (+1), ТФТ 12, Чаир 11, Пелистер 11, Работнички 10, Кожув 9, Гостивар 8, Тиквеш 8, МКК Куманово 8, Шкупи 8, Феникс 7, Вардар 7 (+1).