Арсенал стигна до нов триумф во Премиер лигата откако во одложениот дуел од 7.коло вечерва на Емирати го победи Евертон со 4:0 и му се реваншираше за поразот (Евертон е една од трите екипи што го има победено Арсенал). Ова за „топџиите“ е 19.та победа во шампионатот и повторно се на пет бодови предност пред првакот Манчестер Сити.


Арсенал поведе во 40.та минута преку Сака, а истиот играч со својата упорност асистираше за вториот гол на својот тим, а стрелец беше Мартинели во 45+1 минута.

Во вториот дел Арсенал постигна уште два гола. Најпрвин во 71.та минута на 3:0 зголеми капитенот Одегард, а девет минути подоцна Мартинели го постигна својот втор гол вечерва.

Арсенал е прв со 60 бодови, пред Манчестер Сити со 55. Евертон е во опасната зона и се наоѓа на 18.то место со 21 бод.