,,Црвените Ѓаволи” многу потешко од очекувањата го совладаа Вест Хем со 3-1 и се плaсираа во четвртфиналето.

Тренерот на Јунајтед, Ериг Тен Хаг се одлучи за комбиниран состав за вечерашната пресметка против Вест Хем и истото му создаде проблеми. Неговиот тим не можеше да создаде вистинска прилика за гол, а Вест Хем ја користеше секоја шанса да се закани преку контра напад.

Сето тоа кулминираше кога Мохамед Саид Банрама во 54-тата минута со одличен удар од шеснаесетникот го матираше Де Геа.
Ваквиот тек на настаните го натера Тен Хаг да реагира и да уфрли нови играчи. Јунајтед почна да напаѓа а нападите вродија со плод во 72-та минута кога по одличен центаршут на Бруно Фернандеш, Бразилецот Касемиро изедначи на 1-1. Сепак радоста траеше кратко откако ВАР системот констатираше офсајд, па резултатот остана во полза на гостите.

И покрај поништениот гол, Манчестер продолжи да напаѓа и веќе во 77-та минута успеа да дојде до посакуваното изедначување откако Најеф Агуерд ја затресе сопствената мрежа.

Кога делуваше дека ќе гледаме продолжение два пати по 15 минути, младиот Гарначо со проектил од 20-тина метри го совлада Ареола за голема радост на навивачите на Јунајтед.
Пласманот во следната фаза на „Ѓаволите“ го потврди Фред во 94-тата минута поставувајќи ги конечните 3-1.