Возачот на Дукати, Франческо Бања, триумфираше на jапонското Гранд-при, 16-та трка од Мото ГП шампионатот.
Актуелниот шампион водеше од почеток до крај за неговата прва победа во Мотеги, а вкупно осма во сезоната.
Најблиску до Бањаја беше Хорхе Мартин од Прамак Дукати по неверојатен пробив од 11-тата позиција на стартот. На третото скалило на подиумот се најде возачот на Гресини, Марк Маркез.
Сега Бањаја ја намали својата разлика во однос на Мартин на 10 бода во генералниот пласман, а до крајот на сезоната остануваат уште четири трки.
Шампионатот во Мото ГП продолжува со Големата награда на Австралија на 20 октомври.