Новиот лидер на машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија, Ненад Димитриевиќ е неизвесен за настап во ноемвриските квалификации.
Македонија со победа и пораз ќе го чека вториот „прозорец“ во квалификациите за ЕП 2025-та. Во ноември месец на црвено-жолтите им претстојат два натпревари против Литванија.
Првиот ќе се игра во Скопје и тоа во СЦ „Кале“ иако деновиве и Куманово беше најавен за можен домаќин, потврдија од МКФ.
Но голем проблем за враќање на Македонија на големите натпреварувања е можното отсуство на Димитриевиќ. Тој сега е член на италијанскиот тим Олимпија Милано со кој ќе настапува во Евролигата.
„Истиот ден која Македонија ќе игра со Литванија и Милано ќе има натпревар против Макаби.
За петнаесетина дена ќе одиме во Милано да разговараме со раководството на клубот и тренерот Месина.
Ќе се обидеме да добиеме зелено светло за настап на Нено иако тоа нема да биде нималку лесно“,
истакна спортскиот директор Марјан Србиновски.
Натпреварите меѓу Македонија и Литванија ќе се играат на 21 и на 24 ноември.