Актуелниот шампион во Мото ГП првенството, Франческо Бања славеше на спринт трка што се возеше во рамките на Големата награда на Емилија Ромања.
Италијанецот на задоволство на домашната публика беше најбрз на патеката „Марко Симончели“.
До својот четвртиот триумф во спринтот сезонава, Бањаја стигна за три десетинки побрзо од Хорхе Мартин од Прамак Дукати.
На третото скалило на подиумот се најде вториот возач на Дукати, Енеа Бастианини, кој заостана една секунда зад Мартин.
Благодарение на победата, Бањаја ја намали разликата од Мартин во генералниот поредок на четири бода. Тоа дополнително ќе ја подгрее утрешната тројка во во која Италијанецот ќе ја има и првата стартна позиција.
Стартот на трката за Големата награда на Емилија Ромања е во 13 часот.