Нов пораз за македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите откако вечерва претрпе пораз на домашен терен од бундеслигашот Фуксе Берлин 22:30 (9:15).
По релативно изедначениот почеток во кој водството од еден до два разлика го имаа ракометарите на германскиот тим Фуксе Берлин во 17.минута Е.Пелистер намали на два негатива преку Хосни (8:10).
Од таа минута до самиот крај на првиот дел гостинските ракометари ги казнуваа грешките на битолскиот тим и создадоа предност од 15:8 во последната минута од првиот дел, а водството го намали Дејан Манасков со гол буквално во последната секунда.
Во овој период од тринаесет минути ракометарите на Е.Пелистер промашува зицери, а голманот на гостите Дејан Милосављев имаше неколку одбрани и првиот дел го заврши со 7 интервенции или вкупно 14. Најпрецизен беше најдобриот светски ракометар Матојас Гицел кој постигна 6 голови од 7 обиди во првиот дел.
На почетокот на вториот дел Фуксе Берлин поведе за првпат и со 9 разлика (20:11). По 40-та минута малку добра атмосфера во салата „Боро Чурлевски“ донесе моментот на двата гола во низа на младиот пикер на битолчани Самоил Ристевски, кој натпреварот го заврши со три голови.
Потоа и голманот Никола Митревски имаше неколку интервенции (вкупно 8), но сепак Берлин ја одржуваше предноста. Во финишот на натпреварот тренерот Ангеловски му даде шанса и на левиот бек Емилијан Ѓоргоски, кој постигна два гола.
Ласе Андерсон од Фуксе Берлин со 7 голови беше најефикасен, додека кај Е.Пелистер најпрецизен беше Богдан Радивојевиќ со 5.
Во следното коло на 26 септември македонскиот првак гостува во Букурешт кај екипата на Динамо.