Младата фудбалскта репрезентација на Македонија (У21) ја забележа третата победа во квалификациите за ЕП 2026-та.

На гостувањето кај Гибралтар македонските младинци славеа со 2-0.

Во 24.минута по акцијата на Адеми, Крстевски погоди за водство од 1-0.

А, токму Адеми беше стрелец на вториот гол во 42-та минута. Тоа подоцна се покажа и како конечен резултат на натпреварот.

Со овој триумф и вкупно 9 бодови, Македонија сега е на 4.место на табелата, пред Молдавија со 6 и Гибралтар со 3.

До крајот на квалификациите македонските младинци ќе одиграат уште два натпревари во октомври9 месец. Прво во Скопје (11.10) ја пречекуваат Молдавија, а четири дена подоцна (15.10) гостуваат кај Грузија.