кадетската репрезентација на Макеоднија денеска ќе го игра вториот натпревар на ЕП за ракометари до 18 години во Подгорица.
По вчерашниот несреќен пораз во дуелот со Франција, денеска нашите надежи ги чека нов предизвик.
Избраниците на селекторот селекторот Наум Танески ќе играат против Германија, која пред две години освои бронза во оваа возрасна категорија.
Германците кои заедно со Французите и скандинавските селекции важат за фаворити за највисок пласман шампионатот го почнаа со убедлива победа над Полска (39-21).
Иако противникот е фаворит, сепак во редовите на македонската селекција владее оптимизам за поволен резултат. Дека и оваа генерација има капацитет, покажа вчерашниот нивни настап во кој до последната секунда беа во игра за бод.
Ако и денеска играат на истото посакувано ниво, борбено и бескомпромисно, може да се надеваме на добар резултат.
Дуелот Македонија – Германија е во рамките од 2.коло на Б групата, а ќе почне во 12 часот.




































