Денеска на Летните Олимписки игри (ЛОИ) во Париз ги очекуваме настапите на двајца македонски спортисти.
И двајцата се наши адути за освојување на медал.
Прв ќе се појави борачот Владимир Егоров кој ќе настапи во категоријата до 57 килограми слободен стил. Егоров во првата квалификациска рунда за противник ќе го има Индиецот, Аман Аман.
Настапот на Егоров е во терминот од 11.30 часот.
По него, ќе следува настапот на таеквондиската Милјана Рељиќ која немаше среќа при ждрепката. Таа во првата елиминациска рунда ќе се бори со двојната олимписка шампионка, Џејд Џонс од Велика Британија.
Борбата на Мила е закажана во 12 часот.
Последен од македонските спортисти ќе настапи атлетичарот Дарио Ивановски и тоа во сабота на маратонската трка.
ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА





































