Младата ракометна репрезентација на Македонија (У18) е поразена на првиот меч на Европскиот шампионат.

На првенството во Подгорица, а во натпревар од Б групата, Македонските кадети загубија од фаворизираните Французи со 28-29.

Избраниците на селекторот Наум Танески одлично го отворија натпреварот и поведоа со 3-0. Сепак Триколорите, брзо се созедоа и успеаја да ја анулираат негативата. Напите ракометари во ниту еден момент не им дозволија на противниците да ја наметнат својата играа. Беа рамноправни па на полувреме се замина со израмнети 14-14.

Во вториот дел. Во вториот дел противникот постојано беше во предност, но не поголема од два гола. Нашите ракометари постојано ја бркаа таа негатива, но не успеаја да останат не поразени. Беа во игра се до последните секунди кога на осум секунди пред крајот Бурде погоди за победа на Франција со 29-28.

Најефикасен во македонската репрезентација беше Дамјан Митев со 9 голови, Јован Петрески заврши со 6.

Утре (12 часот) македонските кадети ги чека нов тежок дуел и тоа против Германија која ја освои бронзата во 2022 година.

Во првата рунда од групната фаза противник на Македонија ќе и биде и Полска (сабота).