Младинската ракометна репрезентација на Македонија, денеска има слободен ден на Европскиот шампионат во Словенија.

По драматичното „реми“ со Австријците, македонските младинци првенството ќе го продолжат со разигрувањето за пласман од 9 до 15 место.

Организаторот на турнирот е немилосрден кога во прашање се термините на одигрувањето на натпреварите на Македонија. Така сите три наредни натпревари македонската репрезентација ќе ги игра во „пеколниот“ пладневен термин од 12 часот.

Црвено-жолтите ќе играат во групата „И1“ против Полска, Романија и Франција редоследно.

Во група „И2“ се селекциите на Хрватска, Словенија, Србија и Унгарија.

Двете првопласирани од овие групи ќе се борат за пласман од 9 до 12 место, а трето и четврто рангираните ќе разигруваат од 13 до 15 место.