Младата репрезентација на Македонија за ракометари до 20 години го одигра вториот натпревар на Европскиот шампионат во Словенија. Во дербито од 2.коло на А групата, Македонија одигра нерешено 24-24 со Хрватска.
Жолто-црнеите одлично го почнаа натпреварот и го контролираа резултатот сер до 9-8. Тогаш му дозволија на противникот со серија да го преземе водството и на полувреме да замине со предност од пет гола (10-15). Имаа Хрватите и најголеми седум разлика (11-18), но избраниците на селекторот Радослав Стојановиќ покажаа храбар и пред се борбен карактер. Таквата игра ја врати Македонија резултатски па дури и поведе 20-19. До крајот на натпреварот се играше гол за гол, па конечниот епилог беше „реми“ 24-24.
Најдобри стрелци во во македонската репрезентација беа Шулески и Узунчев со по шест постигнати голови.
Сега за македонските младинци останува дуелот со Австрија (во сабота) кој ќе решава за првата позиција на табелата, но и поважно пренесување на бодови во следната фаза.