Младинската репрезентација на Македонија за кошаркари до 20 години, втор пат ја совлада селекцијата на Словачка. Откако пред два дена ги совладаа Словаците седум разлика, денеска македонските младинци беа уште поубедливи и славеа со 26 разлика (80-56).
Целата работа избраниците на Боро Смилковски ја завршија во воведните шест минути кога поведоа со 18:2. Во продолжението беше многу полесно, па македонските младинци само ја надоградува предноста.
Најефикасен во репрезентацијата на Македонија беше Симиќ со 19 поени. Двоцифрени беа и Бошалески постигна два помалку (17) и Стојаноски заврши со 15 поени.
Овие натпревари како и дуелите со Црна Гога во кои претрпеа два порази, за македонските младинци се дел од подготовките за Европското првенство.
Шампионатот за играчи до 20 години ќе се одржува во Полска од 13 до 21 јули. Македонија за противници во групата ќе ги има Шпанија, Турција и Белгија.