Седмиот ден на Светското првенство за ракометарки до 20 години што се одржува во Скопје, носи нов настап на Македонија. Младите македонски ракометарки вечерва ќе го одиграат петтиот натпревар на Мундијалот.
Тоа е дуелот против Црна Гора во рамките од 2.коло на осминафиналната група 4. Иако вчера испуштија голема шанса да ја совладаа Португалија, сепак, младите македонски ракометари, сеуште се шанса за четвртфинале.
За тоа ќе им треба и големо „чудо“, но и помош од селекцијата на Исланд од која во првата фаза загубија со 12 голови разлика. Таа негативна гол разлика ги става во поодредена ситуација македонските младинки. И Португалија има минусна разлика, но само од 3 гола негатива.
Црвено-жолтите прво ќе чекаат Исланд да слави победа против Португалија, а доколку е тоа можно, со што поголема разлика. Дури по тој меч, што ќе почне од 18 часот, нашите ракометарки ќе знаат, со која минимална разлика ќе треба да ја победат Црна Гора.
Во случај на нерешен резултат на првиот меч, тогаш четвртфиналето за Македонија останува не достижно.
Натпреварот Македонија – Црна Гора што ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“, ќе почне во 20.15 часот