Од денеска па до 30 јуни во Скопје ќе биде домаќин на 24-тото Светско првенство за младинки (ракометарки до 20 години). Натпреварите ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“ и двете сали на СЦ „Јане Сандански“.
32-те репрезентации се поделени во осум групи по четири селекции. Двете прво пласирани репрезентација од секоја група ќе обезбеди пласман во главната фаза, во која ќе бидат формирани четири нови групи.
Репрезентацијата на Македонија, ќе играат во „Х“ група против соодветните селекции на Исланд, САД и Ангола.
Селекторот Јанев нема да може да смета на младата Марија Јанкуловска која се здоби со скршеница на стапалото, а неизвесната е и Бојана Радевска.
Нашите ракометарки го започнуваат својот настап вечерва во 20:15 часот со дуелот против селекцијата на САД.
Следниот натпревар го играат на 21 јуни (петок) во терминот од 18 часот, а противник ќе биде Исланд. Првата рунда во групната фаза Македонија ќе ја заврши на 22 јуни (сабота) во 20:15 часот со дуелот против Ангола.
Сите натпревари македонските младинки во групна фаза ќе ги играат во СЦ ,,Борис Трајковски.
Целна на нашата селекција секако е добар пласман. Минувањето на првата рунда не би требало да биде доведено во прашање, а по втората ќе се обидат да стигнат до што подобар пласман.
Во втората фаза, Македонија би вкрстила со двете првопласирани селекции од „Г“ групата. Во неа фаворитки се Португалките и Црногорките, а играат и Гвинеја и Узбекистан.
Ивона Кимовска