Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија е поразена од Чешка со 1-2 во контролниот натпревар одигран во Храдец Кралове.
Чесите беа поконкретни, но не и да се радуваат на победата. Ова особено што двата гола ги постигнаа од белата точка, а вториот пенал беше чист поклон од словачкиот судија.
Во првото полувреме, домаќинот беше оној што ја контролираше играта. Честите постојано напаѓаа кон голот на Столе Димитриевски, но за малку беа непрецизни или нашиот голман успеваше да го скроти нивните удари. Македонската селекција речиси и да не ја мина својатра половина.
Иста слика на стартот на вториот дел. Во 57-мата минута Мусли направи прекршок во нашиот шеснаесетник по што беше досудена најстрога казана за Чесите. Сигурен реализатор беше Парик Шик за 1-0 за домашната селекција.
Примениот гол како да ги под разбуди дотогаш подзаспаните македонски фудбалери. По акцијата на Елмас и ударот на Трајковски во стативата на вистинското место се најде Алими кој во 65.минута израмни на 1-1.
И кога сите очекуваа дека со овој резултат ќе заврши натпреварот, судијата од Словачка во седмата минута од судиското дополнение им поклони нов пенал на Чесите. Тоа го искористи Барак за победа на Чешка со 2-1.
Овј натпревар како и претходниот со Хрватска од која загубивме 0-3, за македонската репрезентација беа подготвителни за новиот циклус во Лигата на нациите што ќе почне во септември.
За Честите ова беше последниот тест пред нивниот настап на Европскиот шампионат во Германија.