Голгетерот на шкотскиот Абердин, Бојан Миовски е неизвесен за денешниот натпревар меѓу Македонија и Чешка.

Имено попладнево (18 часот) во Храдец Кралове, Чешка и Македонија ќе играат контролен натпревар, во Миовски сигурно нема да биде меѓу стартните 11-мина на селекторот Благоја Милевски.

Како што информираа од федерацијата, Миовски се пожалил на болка во зглобот на ногата.

Нема конкретна информација дали штипјанецот ќе биде на клупата за резерви или воопшто нема да биде ви тимот.