Македонската машка одбојкарска репрезентација денеска ги продолжува настапите во Европската златна лига.
Попладнево во Беверен, против домашната селекција на Белгија, македонските одбојкари ќе го играат четвртиот натпревар.
По вчерашната убедлива победа над Азербејџан со 3-0, црвено-жолтите имаат мотив повеќе да се надигруваат до Белгијците. И тоа како и напите одбојкари имаат една победа, онаа пред два дена против истиот противник со ист резултат.
Ова ќе биде трет дуел на Македонија со Белгија против која игравме и минатата година во истото натпреварување.
Предноста на домашниот терен тогаш се покажа како клучна, па Белгијците славеа пред своите навивачи сои 3-0, а ние во Скопје ги победивме со 3-1.
Натпреварот, Белгија – Македонија, со кој ќе биде заокружен вториот турнир за двете репрезентации, ќе почне во 15 часот.