Машката одбојкарска репрезентација на Македонија претрпе убедлив пораз во три сета на гостувањето во Влчеа кај Романија.
За разлика од вчера кога селекциите имаа заеднички тренинг меч, кој нашите одбојкари го добија со 3-2, денеска домаќинот беше далеку подобар.
Во официјалниот пријателски натпревар домаќинот денеска беше убедлив и славеше со 3-0.
Уште во првиот сет беше јасно дека Романија нема да им дозволи на црвено-жолтите и денеска да се радуваат. Романците го добија тој сет со 25:16. Далеку понеизвесен беше вториот, кој се играше на разлика, но и тој му припадна на домаќинот со 28:26. Третиот сет мина као и првиот па дури и со идентичен резултат 25:16 за Романија.
По овие контролни натпревари избраниците на новиот селектор Хари Наковски ќе се вратат во Струмица. Таму ќе ги одработат заврпните подготовнки за стартот на новото издание на Европската Златна лига.
Пред струмичката публика, македонските одбојкари ќе ги играа воведните два натпревари, Првиот против Естонија е на 17-ти, а вториот два дена подоцна (19 мај) кога за противник ќе ја имаат селекцијата на Чешка.