Фенербахче славеше победа против Монако во мајсторката за пласман во Ф4 турнирот во кошаркарската Евролига.
Турскиот состав по голема борба која имаше и продолжетоци победи со 80-79 против Монако, а грчкиот кошаркар Калатес со две тројки во финишот го однесе Фенер во нов Ф4 турнир.
Францускиот тим подобро одигра во првото полувреме бидејќи на полувреме имаше 40-35.
Турскиот гигант заигра многу подобро во второто полувреме и донесе голема драма во финишот.
Избраниците на Јасикевичус се вратија во мечот, на крајот од регуларното време имаа и шут за победа, но победникот мораше да биде решен по дополнителните пет минути.
Калатес со тројка израмни на 77-77, а во продолжение со нова тројка им донесе победа на турците за на крајот да слави со конечни 79-80.
Фенербахче се пласира на завршниот турнир првпат после пет години.
Најефикасен кај Фенер беа Калатес и Вилбекин со 14 поени, додека кај Монако Џејмс даде 20 поени.