Денес се одигра завршниот турнир од женската ракометна пионерска лига. На „фајнал-фор“ турнирот учесници беа екипите на Вардар, Ѓорче Петров, Стружанка и Делчево.
Екипата на Ѓорче Петров е новиот освојувач на трофејот во пионерската лига.
Ѓорче во финалето за противник го имаше тимот на Стружанка. Ѓорче Петров уште на почетокот на натпреварот влезе мотивирано и успеа да создаде предност која ја одржуваше во текот на натпреварот. Тие на полувреме имаа предност од +2 (7:5). Во втората половина Ѓорче одигра многу поквалитетно па така и без проблем успеа да стигне до триумф со максимални 22:16.
Ѓорче во полуфиналето го совлада Делчево со 25:18, додека Стружанка одигра доста тежок натпревар со Вардар и оствари минимална победа од 22:21.
Третото место го освои тимот на Вардар откако го совлада тимот на Делчево со 30:26.
Ивона Кимовска