Tренерот на Оклахома Сити Тандер, Марк Дегнолт е прогласен за тренер на годината во НБА, во изборот на спортските новинари.

На 39-годишна возраст, Дегнолт е во својата четврта сезона на чело на Тандер, кои ги предводеше до врвот на Западната конференција со „скор“ од 57-25 во регуларниот дел од сезоната.

Оклахома за прв пат по четири години обезбеди и настап во плејофот во кој е на чекор од конференциското полуфинале.

Дегнолт со својот тим има предност од 3-0 во победи против Њу Орлеанс Пеликанс и го дечи само учте едне триумф од полуфиналето.