Два нови интересни дуели денеска ќе се играа во ракометната Лига на шампиони во машка конкуренција. На програмата е четвртфиналната рунда во која вчера беа одиграни првите две средби.

Во попладневниот термин унгарскиот Веспрем го пречекува данскиот тим Алборг. Гледајќи ги последните меѓусебни дуели ниту еден тим нема предност. По три победи имаат забележано двете екипи, а по една од нив на теренот на противникот. Затоа и во денешниот дуел со право може да очекуваме израмнет и неизвесен натпревар.

Вториот денешен меч ќе се игра во Париз.

Тоа ќе биде еден од двата дерби дуели од оваа четвртфинална рунда. Во него, ПСЖ ја пречекува шпанската Барселона. Многумина пред стартот на сезоната предвидуваа дека токму овие два тима ќе се борат за шампионскиот трофеј. Но игрите и резултатите во групната фаза придонесоа тие да се сретнат во оваа фаза, па еден од двата гиганти ќе остане и без настап на „фајнал-форот“. А, таму лани Барселона во дуелот за третото место беше подобра од ПСЖ.

ПСЖ само еднаш ја има победено Барселона пред своите симпатизер на последните во последните четири меѓусебни дуел, а два од нив ги доби Каталонскиот тим.

Како ќе биде вечерва ќе дознаеме по мечот чиј почеток е во вечерниот термин.

РАКОМЕТ ЛИГА НА ШАМПИОНИ
ЧЕТВРТФИНАЛЕ (прв натпревар)
четврток

18.45 ВЕСПРЕМ – АЛБОРГ
20.45 ПСЖ – БАРСЕЛОНА
одиграно вчера (среда)
КИЕЛЦЕ – МАГДЕБУРГ 27-26
МОНПЕЉЕ – КИЛ (39-30)
* Реванш натпреварите ќе се играа на 1 и 2 мај