Во Втората машка кошаркарска лига останаа уште четири тима кои ќе се борат за двете места кои следната сезона водат во прволигашкото друштво. Остануваат да се одиграат полуфиналните плејоф натпревари.

Имајќи го во предвид системот на натпреварување, практично полуфиналето го има значењето на финале. Имено, победниците од полуфиналните серии ќе обезбедат пласман во Првата лига.

А, најголем фаворит за тоа е екипата на МКК Куманово. Тимот предводен од поранешниот македонскиот селектор Марин Докузовски сезонава не знае за пораз. Реално е така да биде и до крајот на сезоната, но кумановци ќе мора да го потврдат тоа. Првата шанса ја имаат вечерва кога пред домашната публика ќе играат против екипата на Ангели.

Овие два тима ќе го одиграат својот прв полуфинален дуел во серијата која се игра подобар до два триумфи.

Во второто полуфинале, прволигашки статус ќе бркаат Шкупи и Маџари, кои својот прв дуел ќе го имаат во сабота.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – ПЛЕЈОФ
ПОЛУФИНАЛЕ (прв натпревар)
четврток

19.00 МКК КУМАНОВО – АНГЕЛИ
сабота
20.00 ШКУПИ – МАЏАРИ
* се игра во две победи