Комплетирани се двојките за четвртфиналето во кошаркарската Евролига. Ова откако шпанската екипа Басконија стана последниот тим што се пласира во првата рунда од плејофот.
Во натпреварот од плеј-инот, Басконија ја искористи предноста на домашниот терен и о совлада италијанскиот Виртус Болоња со 89-77.
Со тоа Басконија завршува како осмо рангирана, па во четвртфиналето ќе игра против првопласираниот тим од лигашкиот дел. Тоа е актуелниот европски првак и шпански ривал на Баскијците, мадридски Реал.
Четвртфиналната серија што се игра во три добиени натпревари, а серијата започнува во вторник (23 април).
ЕВРОЛИГА ПЛЕЈОФ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
вторник 23 април
19.30 ПАНАТИНАИКОС – МАКАБИ ТА
21.00 РЕАЛ МАДРИД – БАСКОНИЈА
среда 24 април
19.00 МОНАКО – ФЕНЕРБАХЧЕ
21.00 БАРСЕЛОНА – ОЛИМПИЈАКОС