Во одбојкарското првенство на Македонија во машка конкуренција, вечерва ќе се игра вториот натпревар од финалето во плејофот.
Победникот во Купот, Штип УГД го пречекува шампионот Струмица. На истото место, пред нешто повеќе од еден месец штипјани му го нанесоа единствениот пораз сезоната на тимот на Струмица.Тоа е мотивот на домаќините да одиграат уште еден квалитетот натпревар против фаворитот.
Струмичани го добија првиот меч со 3:1 во сетови, но штипјани во последните два сета покажаа дека може да се носат со фаворитот. Дали штипјани може да одиграат на повисоко ниво и за што тоа ќе биде доволно, останува да видиме.
Финалниот натпревар број 2, меѓу Штип УГД и Струмица ќе почне од 19 часот.
Шампионскиот трофеј е резервиран за тимот што ќе стигне до три победи.