Два дерби дуели ќе го одбележат 10.коло во машката ракометна Супер лига, односно нејзината плејоф конкуренција.

Оваа рунда ќе биде отворена денеска со натпреварот во Автокоманда. Таму актуелниот вицепрвак Алкалоид ја има улогата на апсолутен фаворит во душекот со последно пласираниот тим на Струга.

Дерби натпреварите ќе се играат во текот на викендот во Скопје и Охрид.

Утре во Скопје, екипата на Вардар го пречекува „незгодниот“ состав на Тиквеш, кој знае како против фаворитите. В недела пак шампионот Еурофарм Пелистер гостува кај Охрид.

Овие два натпревари не се само важни во трката за трофејот, туку и за настапот на европската сцена следната сезона.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ ОФ – 10 КОЛО
петок

18:00 АЛКАЛОИД – СТРУГА
сабота
18:00 ВАРДАР – ТИКВЕШ
недела
18:00 БУТЕЛ – ПРОЛЕТ
19:00 ОХРИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

ТАБЕЛА: Еурофарм Пелистер 26 бодови, Вардар 24, Охрид 23, Алкалоид 21, Тиквеш 16, Пролет 6, Бутел 4, Струга 0.