Иако важеа за главните фаворити за трофејот во Лигата на Европа, екипите на Ливерпул и Милан го завршија својот настап. Двата тима се елиминирани во четвртфиналната рунда.
Англискиот тим оствари пирова победа со 1-0 на гостувањето во Бергамо. Сепак тоа не беше доволно да се анулира негативата од „Енфилд“ каде Аталанта славеше со 3-0.
Противник на Аталанта во полуфиналето ќе биде новиот германски шампион Баер Леверкузен. Популарните „фармацевти“ одигра 1-1 на гостувањето кај Ваест Хем и ја сочува предноста од првиот меч (2-0).
Италија ќе има и втор полуфиналисти во името на Рома. Популарната „римска волчица“ за само седум дена два пати го совлада италијанскиот ривал Милан. Откако во Милано беше 1-0, на дуелот на „Олимпико“ Рома славеше пред своите симпатизери со 2-1.
Римскиот тим во полуфиналето го дуел со Олимпик Марсеј кој ја анулира негативата од еден гол против Бенфика, од првиот меч, а потоа беше подобар во изведувањето на пеналите.
Првите полуфиналните дуел се закажани за 2 мај, а реваншите на 9 мај. Финале ќе се игра на 22 мај во Даблин, Република Ирска.