Во третото по ранг фудбалско клупско натпреварување, Конференциската лига, познати се полуфиналните двојки. Пеналите решаваа за полуфиналистите на дуелите во Лил и Истанбул, а тие беа со среќен крај гостите.

Англиската екипа Астон Вила по пенал “рулетот“ го елиминира францускиот Лил, додека Олимпијакос беше посреќен од Фенербахче.

Драма не недостасуваше и на дуелот во Фиренца. Таму Фиорентина и Викторија Плзен одиграа 0-0 по 90-минути, како и на првиот меч. Но, во продолженијата италијанскиот тим постигна два гола за место во ТОП 4.

Два гола за втор триумф над грчкиот ПАОК постигнаа фудбалерите на Клуб Бриж и се изборија за полуфинале. Во него за противник ќе ја имаат Фиорентина, а во вториот дуел ќе играат Астон Вила и Фенербахче.

Првите полуфинални натпревари ќе се играат на 2-ри, а реванш дуелите на 9-ти мај. Финалето во Конференциската лига е закажано за 29 мај, на стадионот на АЕК во Атина