Во третото по ранг европско фудбалско натпреварување, Конференциската лига, познати се првите два тима полуфиналисти. Тоа се англиската Астон Вила и италијанската Фиорентина.

Англискиот тим по пенал „рулетот“ го елиминира францускиот Лил. На гостувањето во Франција, Астон Вила загуби со 2-1 резултат со кој го доби првиот меч. Во продолженијата немаше голови па се изведуваа пенали. Аргентискиот голман Мартинез потврди дека е специјалисти за одбрана на пеналите и о одведе својот тим во полуфиналето.

Без малку исто мина и вториот четвртфинален меч. И вториот дуел меѓу Фиорентина и Викторила Плзен заврши без голови, па се играа продолженија. Во нив, виолетовите постигнаа два гола и си обезбедија место во ТОП четирите екипи во ова натпреварување.