РЕЧИСИ 3,5 МИЛИОНИ ЕВРА „НАГРАДА“ ЗА НИКАКВИ РЕЗУЛТАТИ

Не, случајно вчера наутро, ја објавивме првата во низата колумни, на Професорот Иван Анастасовски, а која е поврзана со „ТОП ТЕМАТА“ во изминатиот период „СПОРТСКИОТ ВАУЧЕР“ и трошењето на народните пари.

10-те милини евра кои преку така-наречениот „Ваучер“ се влеваат во македонскиот спорт се само „капка во океанот“ на што сé пари троши државата! И да не се разбереме погрешно. Оваа сума е (да не речам трагична) туку смешна, кога во прашање е спортот. Не споредливо со сумите што се трошат и инвестираат во спортот во развиениот свет. А, тежнееме кон него, нели!?

И некој ќе рече – „па без тие пари ќе нема спорт“. Не е точно!
Ќе нема за непродуктивни и измислени спортови, федерации, клубови, па ако сакате и спортисти, ќе нема за лично богатење на поединци, ќе нема за малверзации и за корупции.

Направете споредба на бројот на „субјекти“ кои по основ на „ваучерот“ од неговото воспоставување, до денеска е драстично зголемен и се ќе ви биде јасно. Ќе сфатите дека во меѓувреме се измислуваа федерации, клубови, па и спортови само да се стигне до народните пари. И нека. Еве нека е така. Само младината да ни се тргне од пороците на денешницата и нека се занимава со спорт. Ќе го прифатиме и тоа. Но, не верувам дека некој во споменатиот период ќе се пофали со толку драстично зголемен број на млади во спортот. Пак, напротив!

И ќе речете сега – Чуму сега ова!?
Па кога ќе ја видите следната табела, во која се опфатени четирите колективи спортови, трите федерации, без фудбалската која нели не добива пари, а како нејзина „замена“ Олимпискиот комитет, прво што ќе ви падне во очи е самата сума од речиси 3,5 милиони евра. Смешна сума.

Да, ова не е список „ранкинг“ на најскапо „платените“. Но, е добра споредба за она за што се трошат народните пари. Ова се пари кои спортските субјекти ги добиваат од нас народот, а по основ на „НЕ-ПОСТИГНАТИ РЕЗУЛТАТИ ВО 2022 ГОДИНА“.

Па ќе ве замолам. Напишете ми еден „врвен“ резултат од 2022 година со кој може да се пофалиме. Исклучок, златните медали на Оливера Наовска-Бикова во парастрелаштво и оној на борачот Владимир Егоров.

ДЕЛ ОД ВАУЧЕРСКАТА РАСПРЕДЕЛБА ЗА 2022

И!? Се сетивте на некој позначаен резултат!? Јас НЕ! Епа драги мои.
Ова ме асоцира или подобро кажано е еквивалентно на потрошените илјадници евра за “дресирање на магарињата од берберницата“. Далеку од тоа дека спортистите ги поистоветувам со нив, напротив. Но, криминалот кој ни се случува и непродуктивноста, а да не зборам за постигнатите резултати, само со тој пример може бидат поистовети.

Па дами и господа, задолжени за креирање на политиката (стратегијата – која патем и воопшто ја немаме) во спортот, редно е еднаш да ставите крај на оваа аранија, зошто не сакаме нашите пари да ги трошите на Кубертеновата „важно е да се учествува“.

Не! Нам, на искрените вљубеници во спортот, ни е доста од тоа, ние сакаме резултати, сакаме да се радуваме на победи и освоени медали, како што се радувавме на олимпиското сребро на Дејан Георгиевски, и на малкумина пред него, како што се радувавме на кошаркарите, ракометарите и фудбалерите, кога со постигнатите резултати, барем за миг не оттргнува од секојдневието, а Вие знаевте тоа најдобро да го искористите.

Е, па еве ви шанса, направете добро за спортот, па нема да се лутиме, пак искористете го тоа.
А, ние сме тука речиси секојдневно да ве потсетуваме, па кога ќе дојдат резултатите дури и да ви се поклониме.

До тогаш, ќе се фокусираме на НАШАТА МИСИЈА афирмација на МЛАДИ МАКЕДОНСКИ СПОРТСКИ ТАЛЕНТИ кои во моментов ги имаме, а се со цел И НИВ ДА НЕ ГИ ИЗГУБИМЕ.

За тоа каде, како, на што, се трошат, народните пари, допрва ќе следува.
До тогаш, терајте ја ВАШАТА ЦЕЛ и на здравје да си го трошите денарот!

sport+ logo