Ова е за рубриката „верувале или нé“!

Во македонскиот спорт кој нели кубури со пари и резултати, се е моќно, па следниот од низата примери сигурно влегува во рубриката „верувале или не“.

Во СКОПЈЕ пред два дена (12.04.2023) се одржа Националното првенство во далечинско пливање, на кое 
учествувале вкупно 32 пливачи од 7 клубови, а се натпреваруваа на две делници во трката на 2,5.км и двојно подолгата делница (5.км).

И сега се прашувате, што е тука чудно!?  Искрено и ние!
Натпреварите се одржаа во „Олимпискиот базен“ во Скопје, дисциплини две (2) натпреварувачи и не којзнае колку, но резултатите и медалистите официјално објавени денеска !

Да биде уште поубедлива приказната за горе споменатата рубрика, истите се објавени само на „Фејсбук„ профилот на Пливачката федерација на Македонија, но не и на официјалната веб страна. 

Несфатливо и неприфатливо е, националните спортски федерации, само на ваков начин (Фејсбук, Инстаграм, Твитер и други социјални мрежи), да информираат и промовираат, она за што се задолжени, она што им е работа.

Го разбираме трендот на СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ, но никако не можеме да разбереме, како во модерно време на технологија се потребни два дена да се сублимираат и пласираат резултати од неколку трки!?

Небаре, сеуште сме во времето кога со „стоперки“ се мереше времето на пливачите, па ни треба подолго време сето тоа да го запишеме, искуцаме, па по факс или пошта да го доставиме до медиумите, кои нели треба да го промовираат спортот!

Ова не се случува само во Пливачката федерација, ова е пракса и во неколку други федерации.

За пример ќе ја издвоиме Скијачката, која нели си направи „приватна журка“ од една од најстарите спортски манифестации „Мавровскиот меморијал“, па наместо, како што тоа беше случај во минатото, да промовира и најави за настанот неколку дена претходно на официјални прес конференции, да се обиде да најде медиум (телевизија) што би го пренесувала настанот, и на крајот навремено да информира за постигнатите резултати, тие (читај Скијачка федерација) сето тоа го направија низ така-наречени „сториња“ на Фејсбук и Инстаграм.

Само да ве потсетиме господа. Овие манифестации се влезени во вашите календари за натпреварување, со кои од државата, преку Агенцијата за млади и спорт, барате и добивате пари (наши пари), па редно е потрошените пари (колку и да се тие), да ги оправдате. 

А, нам само ни преостанува онака „ИЗВОРНО“ да ги пренесеме постигнатите резултати и да им честитаме на медалистите, но и сите спортисти што учествувале на настанот, за кои sport+ logoе отворен за соработка, без разлика од кој клуб или федерација доаѓаат.