По вчерашните минимални победи (1-0) на Милан и Баерн во дуелите Тотенхем и ПСЖ, вечер продолжува најелитното клупско натпреварување Лига на Шампионите.

И вечерната програма носи два натпревар.

Челзи ќе има тешка задача на гостувањето на „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд кај Борусија која игра во одлична форма, и има 6 победи во низа во сите натпреварувања.

Иако „Милионерите“ со години се мачат со англиските тимови, сепак вечерашниот противник Челзи не игра најдобро во последните 6 натпревари, па тоа е шанса за германскиот тим да стигне до добар резултат пред реваншот во Лондон

Вториот натпревар ќе се игра во Белгија каде што Клуб Бриж ќе го пречека португалскиот гигант Бенфика.

Екипата на Скот Паркер не успеаја да победат во последните седум натпревари на домашен терен, додека Бенфика се обидуваат да избегнат последователни натпревари на гости без победа за прв пат од декември.

Клуб Бриж се изненадување оваа година во Лигата на Шампионите бидејќи го играат првиот меч во нокаут-фазата во нивната историја.

Бенфика игра фантастична сезона и домашното првенство, но и во Лигата на Шампионите и очекува оваа рунда да ја започне со победа.

Можеме да очекуваме интересен натпревар вечерашните средби што ќе започнат во терминот од 21 часот.