Македонија е нај спортската нација кога може да си дозволи дуализам и во спортот

Поделба на Македонија не е нова фраза. Сигурно повеќе овој збор ве асоцира на политичка, национална, верска, социјална и економска состојба во нашата земја.

Но, поделбата за жал, не е несвојствена ниту во македонскиот спорт.

Сведоци сме во изминатите повеќе од три децении, на чест дуализам во македонскиот спорт. Нешто не замисливо во современиот свет. Сме имале примери, кога во македонскиот спорт функционирале по две федерации, па спортистите редовно биле оние кои страдале.

Желбата за влас во македонскиот спорт, никогаш не донела ништо добро, напротив.

Пустиот мерак на поединци, само ја продлабочува кризата и во онака скромните резултати. И кога на сите им е јасно дека Македонија со години наназад не може да се пофали со врвни резултати (чест на исклучоци како таеквондистот Георгиев и неколкумина други), ете ни нова поделба.

И тоа не било каква, онаа најважната во спортот, олимписката.

Период наназад, сведоци сме на препукувања, соопштенија, обвинувања, од страна на спортисти, спортски работници, но ништо од тоа не помогна во остварување на врвен резултат.

Нема да биде подобро ниту во оваа Олимписка 2024-та година.

Светот се подготвува за најголемиот спортски настан летната Олимпијада во Париз.  Кога спортистите, тренерите и спортските административци, работат на планот за остварување врвни резултати, ние, кај нас, се подготвуваме за „избори“.

Кај нас се подготвуваат избори за Претседател на Македонскиот Олимписки Комитет.

И да се разбереме. Не е спорни да има избори, таков е и редот и Статутот на МОК. Она што боде во очи е начинот на кој ќе се одвива тоа.

Имено, иницијативниот одбор за промени во МОК ќе одржи Вонредно Собрание на 6 февруари во СЦ „Борис Трајковски“ во 18 часот.

Од друга страна, раководството на МОК, закажа Редовно Собрание, за 8 февруари во СЦ „Јане Сандански“ во 18 часот.

И сега нормално се поставуваат прашањата.

Кое од овие собранија е валидно, кое е регуларно, кое ќе биде меродавно, чии резултати ќе важат?

Поделба, дуализам, како ли сакате крстете ја, но едно е јасно, дека во оваа наша земја ниту спортот не е имун на тоа, за жал.

Очигледно дека праксата од политиката во која имаме „техничка влада“ со по „двајца“ министри, потписници, заменици (како сакате наречете ги), се прелеа (преслика) и во спортот.