По репрезентативната пауза продолжуваат возбудувањата во Првата македонска фудбалска лига. Деветтото коло се отвора денеска со два многу интересни натпревари.
Програмата започнува напладне во Кавадарци каде Тиквеш ја пречекува Брегалница.
Четвртопласираниот домаќин е без пораз на последните пет првенствени средби. Кавадарчани во овој период забележаа една победа и дури четири ремија. Штипска Брегалница игра променливо со две победи, едно реми и два порази неодамна.
Еден час подоцна (13 часот), тимот на Арсими игра против поранешниот шампион Силекс.
Домаќинот Арсими на претходните пет дуели запиша една победа, две ремија и два порази. Кратовци се во резултатска криза со две ремија на последните пет натпревари, а претходно нанижаа три порази.
Затоа бодовите за сите четири тима што играта денеска се исклучително важни.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|



























