Ракометарите на Париз Сен Жермен и Веспрем направија голем исчекор кон пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Двете екипи забележаа убедливи победи на гостувањата против ПИК Сегед и Висла во првите осминафинални дуели.
Францускиот шампион ПСЖ во Полска ја совлада Висла со 36-26. Унгарското дерби му припадна на Веспрем со кој со порази ПИК Сегед со 37-30.
Реванш натпреварите овие екипи ќе ги играат на 4 април, а ден порано ќе се одиграат првите два реванш осминафинални дуел.
Инаку директен пласман во четвртфиналето обезбедија: Кил, Магдебург, Алборг и Барселона.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ ОСМИНАФИНАЛНА РУНДА
(реванш 3 април)
КИЕЛЦЕ – ГОГ (33-25 прв натпревар)
МОНПЕЉЕ – ЗАГРЕБ (27-27)
(реванш 4 април)
ПСЖ – ВИСЛА (30-26)
ВЕСПРЕМ – ПИК СЕГЕД (37-30)
ЧЕТВРТФИНАЛЕ (24/25 април – реванш 1/2 мај)
Загреб / Монпеље – КИЛ
Гог / Киелце – МАГДЕБУРГ
Пик Сегед / ВЕСПРЕМ – АЛБОРГ
Висла / Псж – БАРСЕЛОНА
Фајнл-форот ќе се одржи во „Ланксес арената“ во Келн , Германија, на 8 и 9 јуни 2024 година.